Дома Фудбал Англија Се јавија фановите на Арсенал: Беснеат поради стартната единаесетка на Венгер

Се јавија фановите на Арсенал: Беснеат поради стартната единаесетка на Венгер

Арсенал моментално игра на гостински терен против Ливерпул, во дербито на колото во ПЛ, но засега ништо не им оди од рака на „Топчиите“, со оглед на тоа дека екипата на Венгер на полувреме губи со 2:0.

Она што навивачите на Арсенал ги разлути повеќе од резултатот е првата постава која Венгер ја одбра за средбата со Ливерпул.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, францускиот стратег од екипата ги изостави двете засилувања на тимот, Александар Лаказет и Сеад Колашинац, додека свое место во стартниот состав имаа Роб Холдинг и Дани Велбек.

Своето незаодовлството, фановите брзо го проструија низ социјалните мрежи.

„Каков виц. Требаше само да го предадеме мечот; Буквално веќе ми е мака; Велбек стартува наместо Лаказет?; Се откажувам од тимот; Кога ни се потребни погодоци, Венгер изостава напаѓач вреден 50 милиони фунти; Се колнам ова само Венгер може да го направи“, гласат многубројните коментари на фановите на лондонскиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…