Дома Фудбал Репрезентации Се чувствува навреден и понижен: Погба повеќе не сака да игра за Франција

Се чувствува навреден и понижен: Погба повеќе не сака да игра за Франција

Пол Погба се наоѓа во најдобрите фудбалски години, но се одлучи повеќе да не го носи дресот на репрезентацијата на Франција, пренесуваат странските медиуми.

Погба ваквата одлука ја донесе поради зборовите на францускиот претседател Макрон упатени кон пророкот Мухамед.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Единството и цврстината се единствен одговор на монструозниот исламски тероризам“ – е една од изјавите на Макрон кој кажа дека исламот се наоѓа во голема криза.

Тие зборови наводно го навредиле Погба и муслиманите во Франција каде исламот е втора најбројна религија.

Играчот на Јунајтед дресот на Триколорите го носи од 2013. година, а беше член на тимот кој во 2018. година во Русија стана светски првак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…