Дома Фудбал Се чини дека Чаби Алонсо го избра новиот клуб, обештетување меѓу 15 и 25 милиони за „Аптекарите“!

Се чини дека Чаби Алонсо го избра новиот клуб, обештетување меѓу 15 и 25 милиони за „Аптекарите“!

Покрај одличните резултати на клупата на Баер, Чаби Алонсо е во центарот на вниманието и поради огромниот интерес на некои од водечките клубови за неговите услуги од следната сезона. Се чини дека Алонсо веќе донел одлука.

Ливерпул се распрашуваше дали е можно да го доведе Алонсо, но некако тивко Баерн одлично си ја врши работата и се чини дека успеа да го ангажира шпанскиот тренер.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Информациите од Германија се такви дека Алонсо ја отвори вратата за преминување во Баерн, што секако е разочарувачка вест за сите навивачи на „Црвените“ кои го гледаа како наследник на Јирген Клоп.

Некои информации велат дека Баварците ќе платат сума меѓу 15 и 25 милиони евра на ривалот, а клаузулата од 15 милиони евра е активна од 2025 година.

Договорот на Баер и Алонсо трае до летото 2026 година, па јасно е дека Апотекарите сигурно нема да го пуштат така лесно, особено не во Баерн.

Сепак, во Минхен се навикнати да ги ослабуваат своите ривали со купување на нивните најсилни играчи. Со години беше Борусија Дортмунд, а сега на ред е Баер Леверкузен.

Освен што одлично си ја врши работата, главната предност зошто Баерн го сака Алонсо е и тоа што не би имал проблеми да се прилагоди на новата средина.

Ситуацијата е таква што Баерн веќе почна да работи на понатамошните чекори и висината на отштетата што ќе треба да му биде исплатена на Баер бидејќи Алонсо нема излезна клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скапо платениот ас на Баерн постигна гол каков што ретко се гледа: Погоди како во видео игра! 🎥

Фудбалерите на Бајерн во Гелзенкирхен убедливо го совладаа украинскиот Шахтар со резултат …