Дома Трансфер зона Се чека само тренерска смена за Барди да потпише за Олимпијакос?

Се чека само тренерска смена за Барди да потпише за Олимпијакос?

Многу брзо, веројатно и во наредните часови се очекува грчки Олимпијакос да добие нов тренер.

Најавите се дека Карлос Корберан кој има 39 години ќе го наследи Педро Мартинс. Португалскиот стратег е пред отказ после бламажата на Олимпијакос и поразот од Макаби Хаифа во квалификациите за ЛШ од 0:4.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во последните три години Корберан работеше во Хадерсфилд и Лидс во Англија, а претходно во Ермис, Докса и Алкорон.

Во претходните денови со Олимпијакос се поврзуваше и македонскиот репрезентативец Енис Барди. Сега грчките медиуми објавија дополнување на ова, а тоа е дека наводно се чека и официјално да биде промовиран новиот стратег за Барди да потпише за овој тим.

Според информациите Барди во Олимпијакос го чека договор на три години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…