Дома Фудбал Се чека само официјална потврда: Нема да има фудбал и во Шпанија!

Се чека само официјална потврда: Нема да има фудбал и во Шпанија!

Бројни шпански медиуми пренесуваат дека двете најсилни дивизии во Шпанија, Ла Лига и Секунда ќе бидат суспендирани на две недели поради епидемијата од коронавирусот.

Раководството на Ла Лига само еден ден претходно соопшти дека натпреварите во наредните две недели ќе се играат без публика, но ситуацијата во меѓувреме се влоши и во текот на вечерта се очекува прекинот на првенството да биде официјализиран.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Барселона во овој момент е лидер со 58 бодови, Реал Мадрид има два помалку, Севиља 47, Сосиедад и Гетафе по 46…

Натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Наполи се игра пред празни трибини, додека одложени се натпреварите во Лига Европа помеѓе Гетафе – Интер и Севиља – Рома.

Според последните информации во Шпанија поотврдени се 2.152 слуачи на коронавирусот од нив дури 1.024 се во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Четворица кандидати за наследник на Чави во Барселона

Иако во еден момент се чинеше дека Барселона нема да мора да се занимава со потрагата по н…