Англиските медиуми веќе подолго време пишуваат дека примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку.
Манчестер Сити го гледа Белгиецот како идеална замена за Серхио Агуеро, кој е на излезна врата бидејќи му завршува договорот со „граѓаните“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека „граѓаните“ веќе спремиле понуда од 100 милиони евра за Лукаку.
Интер се наоѓа во големи финансиски проблеми и Сити сака да ја искористи таквата ситуација, но започнувањето на Суперлигата може да ги промени плановите.
Имено, Интер е еден од основачите на Суперлигата и доколку започне новиот проект „нероаѕурите“ ќе бидат финансиски стабилни да ја одбијат понудата од 100 милиони евра.