Дома Фудбал Англија Се уште неизвесен трансферот на Лемар: Арсенал се договори, Монако не го дава

Се уште неизвесен трансферот на Лемар: Арсенал се договори, Монако не го дава

Екипата на Арсенал во следната сезона ќе влезе со нешто поинакво во однос на составот од изминатата сезона.

Лондонскиот тим веќе ангажираше двајца фантастични фудбалери, па дресот на „Топчиите“ го облекоа, Сеад Колашинац и Александар Лаказет.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот член на екипата од „Емирати“ наскоро би можел да стане и  Томас Лемар. Ѕвездата на Монако ги договори сите услови со тимот, но францускиот првак не го пушта да замине.

Монако првобитно одби понуда од 30 милиони фунти за Лемар, а иако Арсенал ја зголеми понудата за 10 милиони, повторно наиде на отпор кај „Кнежевите“.

Сепак, се очекува Арсенал наскоро да испрати нова понуда. Венгер е голем фан на играта на фантастичниот фудбалер, па така што, голема е веројатноста да го облече дресот на Арсенал од следната сезона.

Лемар изминатата сезона постигна 14 погодоци и исто толку пати асистираше, а договор со Монако има до 2020. година

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

И донесе финале на Борусија во ЛШ, но тоа може да не биде доволно да остане?!

Един Терзиќ направи голем успех со пласманот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на…