Дома Останати Тенис Се укинува тригодишната забрана за влез на Ѓоковиќ во Австралија?

Се укинува тригодишната забрана за влез на Ѓоковиќ во Австралија?

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, кажа дека нема намера да се вакцинира, па дури тоа да значи и крај на неговата богата кариера. Тоа предизвика и бројни реакции од американските медиуми, но и останатите кои тврдат дека со ова Србинот докажа дека е анти-ваксер, иако не кажа такво нешто во интервјуто за „Би-би-си“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во меѓувреме се појави и првиот тенисер кој го поддржа Ѓоковиќ, а сега и министерот за миграција, Алекс Хоук кажа дека Австралија може да му ја укине тригодишната забрана за влез во државата.

Ѓоковиќ во јануари беше депортиран од Австралија, иако на првото судење ги победи австралиските власти. Според австралискиот закон, секој кој е протеран на земјата на три години по негативни одлуки, може да поднесе барање за исклучок под одредени околности.

„Иднината на господинот Ѓоковиќ е негова, тој треба да реши како ќе се однесува и што ќе прави на меѓународно ниво. Австралиската Влада нема улога во тоа. Отворени сме да ја разгледаме неговата казна“, кажа Хоук.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ го следи неверојатна традиција, ако се повтори и сега – ќе го освои Вимблдон!

По поразот во раната фаза на Ролан Гарос, каде што во третото коло беше изненаден од млади…