Ниту со Маурисио Покетино Челзи не успева да ја стабилизира формата и „сините“ постојано играат топло-ладно и резултатите се далеку од очекуваните. Токму затоа во јавноста веќе се шпекулира за евентуален отказ на Маурисио Покетино.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Челзи по 15 одиграни кола се наоѓа на 10. позиција на табелата, место што е далеку од она што го посакуваат сите во клубот.
Посебно е разочарувачки што Челзи не настапува во Европа, па и тоа што се фокусирани само на домашното првенство не е доволно, па ривалите повторно се пред нив.
Вчера „сините“ го загубија дербито против Манчестер Јунајтед со 2:1, а тој пораз ги подгреа шпекулациите дека наскоро Покетино може да биде сменет. Челзи од 15 натпревари во Премиер лигата има само пет победи и дури шест порази и четири нерешени резултати.
Следниот предизвик на избраниците на Покетино е натпреварот против Евертон и од оваа средба можат да зависат многу работи.