Фудбалерите на Шведска и Србија вчера играа пријателски натпревар во Стокхолм. Тоа беше неатпревар за „збогум“ од фудбалот на Златан Ибрахимовиќ, а Србија славеше победа со 0:3.
Најдобриот фудбалер во историјата на Шведска беше испратен со свечена церемонија, па така резултатот на натпреварот беше ставен во втор план.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси по мечот имаше само пофалби за Ибрахимовиќ. Веднаш по натпреварот двајцата се сретнаа и срдечно се поздравија.
Ибрахимовиќ му порача на Пикси дека можел да одигра барем 20-тина минути, додека Пикси му се заблагодари што не влегол во игра.
На крајот Ибра му даде совет на селекторот на Србија пред Европското првенство.
„Само дисциплина. Дисциплина, така се победува“, изјави Ибрахимовиќ.
🤩🤝 Срдачан сусрет Златана Ибрахимовића и Драгана Стојковића по завршетку утакмице у Стокхолму.
— Fudbalski savez Srbije | FA of Serbia (@FSSrbije) June 8, 2024
Пикси Златану: „Хвала ти за све што си урадио за фудбал.”
Златан Пиксију: „Дисципилна. Тако се побеђује.”#SWESRB #ZlatanIbrahimović #Ibrahimović pic.twitter.com/TELb98VawQ