Дома Останати Кошарка НБА Се спрема уште една „бомба“: На Дејвис и Леброн им се придружува и – МВП!?

Се спрема уште една „бомба“: На Дејвис и Леброн им се придружува и – МВП!?

lebron

Леброн Џејмс сака да собере супер тројка во Лос Анџелес.

Успеаа ЛА Лејкерси да го доведат Ентони Дејвис, се обидоа уште во февруари, но не успеаа, а ова лето успеаа да пронајдат заеднички јазик со Њу Орлеанс.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сега Лејкерси ќе се обидат да доведат и трета ѕвезда.

Се пишуваше за Д’Aнџело Расел, Кајри Ирвинг и Кемба Вокер, а сега уште едно име се појави во игра.

Според новинарите информации на новинарот на „ЕСПН“, Марк Штајн шансите Лејкерси да го доведат Каваи Леонард нагло пораснале.

Имено, Штајн верува дека Лејкерси сега се најголема закана за Рапторси. Во Лос Анџелес успеаа да ослободат простор за уште еден максимален договор и ќе му го понудат на Леонард.

Леонард ќе разговара и со Рапторси со кои го освои НБА прстенот и титулата најкорисен играч во финалето пред само неколку недели, но и со уште еден тим од Лос Анџелес, Клиперси.

Тројката Леброн, Ентони Дејвис и Леонард звучи навистина фантастично, а дали ќе се оформи ќе покаже времето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

ПСЖ и Дортмунд се први полуфиналисти во ЛШ

Пари Сент Жермен и Борусија Дортмунд обезбедија полуфинале откако вечерва беа подобри од Б…