Дома Фудбал Останато Се спрема нова Суперлига без англиските клубови

Се спрема нова Суперлига без англиските клубови

Трите клуба кои продолжуваат да ја бранат идејата за доздавање на Суперлига, Реал Мадрид, Барселона и Јувентус планираат да претстават нов план.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, открива дека првиот човек на Реал, Флорентино Перез, има план кој е насочен против УЕФА, ФИФА и Премиер лигата.

Првичниот план за фромирање на лигата пропадна по само 48 часа, кога од Суперлигата се откажаа англиските клубови, а УЕФА најави жестоки казни.

„Флорентино никогаш не губи, секогаш може да смисли нешто ново. Суперлигата на богатите е концепт кој започна пред неколку години. Ова е проект на Перез, не на Реал Мадрид“, рекол Тебас.

„Проектот постои и понатаму. Ќе почекаат да видат каква ќе биде реакцијата од Европската унија, поради што веќе работат на новиот проект. Лично мислам дека и тој ќе пропадне. Сакаат да организираат натпреварување без англските клубови. Се е насочено против ФИФА, УЕФА и Премиер лигата“, открива Тебас.

Идејата е повеќе клубови да бидат интегрирани во Суперлигата, која нема да биде од затворен тим, но ќе носи големи приходи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алонсо е новиот тренер на Челси, веќе е познато и неговото прво засилување!

Чаби Алонсо е новиот тренер на тимот на Челси и ќе ја води оваа екипа во наредната сезона.…