Новата сезона за ПСЖ, донесе ново разочарување во Европа…Пари Сен Жермен на лето како што стојат работите ќе направи голема реконструкција.
Според информациите од француските медиуми бројни играчи на ПСЖ ќе бидат ставени на трансфер листата, а посебно изненадување е што помеѓу нив се Фабијан Руиз, Карлос Солер и Ренато Санчез.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Исто така Серхио Рамос нема да добие нов договор и ќе биде слободен во изборот на нова средина, клубот не смета ниту на уште еден Шпанец, Хуан Бернат.
Треба да се спомене дека и иднината на Лионел Меси се уште не е познато. Аргентинецот и ПСЖ не се блиску до договор за нова соработка. Меси сака да остане во Европа и да се обиде да ја освои Лигата на шампионите.
Нејмар е некој околу кого често се крева бура. Одредени членови на управата наводно сакаат да си замине, помеѓу нив според информациите е и Луис Кампос со кого Бразилецот неодамна имаше конфликт.
Извесно е дека клубот ќе го напушти и Кејлор Навас кој во овој момент е на позајмица во Нотингем Форест до 30-ти јуни. Според сегашната ситуација тој ќе се врати во Париз, но многу веројатно таму нема да остане.
Кога се ќе се собере ПСЖ би можел наредната сезона да биде со целосно нов тим.