Дома Видео Се случува и на најдобрите: Роналдо промаши пенал!

Се случува и на најдобрите: Роналдо промаши пенал!

Кристијано Роналдо не успеа да постигне погодок од 11 метри во победата на Јувентус против Сампдорија.

Во 89. минута беше досуден пенал за Старата дама. Нормално, Роналдо ја презема одговорноста, шутира топовски, но ја погоди пречката.

Португалецот беше видно разочаран бидејќи го оддалечи од титулата за најдобар стрелец, бидејќи на две кола до крајот Чиро Имобиле има три повеќе (34-31).

Сепак, КР7 на крајот може да биде задоволен бидејќи неговиот тим ја освои титулата, деветта во низа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Леао сака само во Галатасарај, на Аморим му паѓа огромен товар од грбот?

Милан успешно ја започна новата сезона во италијанското првенство во недела вечер, но побе…