Фудбалерите на Јувентус синоќа на свој терен ја победија Сампдорија со 3:0.
Старата дама одлично го отвори натпреварот и постигна погодок во 13. минута кога дебитанот Кулушевски постигна прекрасен погодок за 1:0.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Предноста на Јувентус во првот дел можеше да биде поубедлива доколку Роналдо не промаши неколку добри шанси.
Прво во 24. минута ја погоди пречката, а десет минути подоцна имаше уште подобра прилика.
Овој пат Роналдо имаше шанса на околу 11 метри, но успеа да го промаши голот на Сампдорија што многумина ги изненади бидејќи Португалецот таквите шанси рутински ги завршува.
This Ronaldo miss ??? pic.twitter.com/SNy4yrVFkv
— Rush (@CarefreeRush) September 20, 2020
Сепак, Роналдо во финишот успеа да постигне погодок и да ја запечати победата на Старата дама.