Дома Видео Се случи ли „биолошка бомба“ во Франција? 400 навивачи славеа на терен! (ВИДЕО)

Се случи ли „биолошка бомба“ во Франција? 400 навивачи славеа на терен! (ВИДЕО)

На натпреварот помеѓу нисколигашите Нојхоф и Хотпејер видовме сцена која е необична за овој период поради пандемијата од коронавирусот.

Натпреварот се играше во близина на Стразбур, град кој беше едно од жариштата во Франција каде што од коронавирусот починаа 30.000 луѓе. Од овој натпревар се појави и снимки на кои може да се види како влегуваат на терен за да ги прослават головите.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Оваа глупост може да доведе до здравствена катастрофа во нашиот регион.  Имаме видеа и ќе провериме се, сигурно ќе има санкции за сите кои ги заслужиле“, изјави заменик-градоначалникот на Стразбур, Серж Олер.

Лекар од болницата во Париз „Пити-Салпиетре“, Гилберт Дерај изјави дека ова може да биде мала биолошка бомба.

„Не знам кој е виновен ама ова беше неразумно. Вирусот е тука и ова може да биде мала вирусна бомба“, изјавои Дерај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…