Moмчето од Данска Андер Вејрганг стана популарен ширум светот поради неверојатниот рекорд кој го постави играјќи ФИФА.
Овој 15-годишник долго време беше непобедлив. Ретко кој успеа да му направи проблеми и поради тоа стекна голема слава. Андерс веќе со години е под договор со Лајпциг. Член е на нивниот гејминг тим со кој потпиша нов договор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Среќен сум што можам да објавам дека останувам член на Лајпциг гејминг тимот и наредната сезона. Разбивањето може да започне, за мене повторно нема сончева светлина“, порача Андерс.
Андерс и оваа година нема да може да настапи на Светското првенство затоа што се уште нема 16 години која е границата за пријава во ова натпреварување.
I'm really happy to announce that I'm staying at @rblzgaming for the next season.🔥
— Anders Vejrgang (@RBLZ_Vejrgang) September 23, 2021
The grind will start, no sunlight for me again…;)#FIFA22 pic.twitter.com/6X382x4HKB