Хозе Минала во 2014 година се најде во центарот на вниманието на италијанската јавност.
Тогаш момчето од според официјалните податоци 18 години поради неговиот изглед се сметаше за изманик. Скоро да не постоеше човек кој веруваше дека Минала има само 18 години, а постоеа и сериозни обвинувања дека има дури 41 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа подоцна преку прегледите беше докажано дека Минала навистина ги има официјалните години. Неговиот агент на почетокот објаснуваше дека неговиот клиент изгледа постаро поради тешкиот живот, но никој не му веруваше.
Кога тестовите докажаа дека со него е апсолутно се во најдобар ред, приказните се повлекоа. Минала тогаш играше за Лацио, таму настапи само на три натпревари и често одеше на позајмици.
Шест години подоцна Камерунецот го носи дресот на Кингдао Хунгхаи. Пред еден месец го прослави својот 24 роденден и верува дека би имал подобра кариера ако не се зборувало за неговите години.
„Имав прилика да потпишам за некои клубови, но тоа не се случи поради се што се пишуваше. Имав понуда од ПСЖ, но трансферот не се случи. Верувам дека би имал поинаква кариера да немаше контроверзии“, убеден е Минала.
Тој во овој момент е на позајмица во кинескиот тим од Лацио. По враќањето веројатно нема да добие нов договор и ќе мора да побара нова средина.