Дома Фудбал Останато Се сеќавате на Ван дер Варт? Некогаш играше во Реал, еве каде е денес

Се сеќавате на Ван дер Варт? Некогаш играше во Реал, еве каде е денес

Рафаел ван дер Варт своевремено важеше за еден од најдобрите плејмејкери во светот. Беше вистинско уживање да се гледа на теренот, а од неговата левица се плашеа и најдобрите голамни.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, сега е блиску до завршување на кариерата, а од 2016 година е член на Митјиланд!

Меѓутоа, медиумите пренесуваат дека наскоро ќе им се придружи на многуте фудбалски легенди во Индија. 34-годишниот Холанѓанец најверојатно ќе стане нов член на Бали Јунајтед.

Во Индија веќе подолго време играат Мајкл Есиен, Картон Кол, Дидие Зокора и Мохамед Сисоко.

„Ќе доведеме некои фудбалери за кои сметаме дека се фантастични. Не сакаме уште ништо да објавиме бидејќи се плашиме од конкуренцијата, но ќе биде возбудливо“, потврди претседателот на Бали Јунајтед.

Ван дер Варт во Ајакс беше прогласен за еден од најголемите таленти во светот, но повредите не му дозволија да има кариера каква што му предвидуваа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шок за Швајцарија во петтата минута од судиското продолжение – Храбриот Катар дојде до многу важен бод (Видео)

Швајцарија и Катар одиграа нерешено (1:1). Во 21 часот по наше време беше одигран натпрева…