Дома Трансфер зона Се сеќавате на Андерсон? – Има нов клуб!

Се сеќавате на Андерсон? – Има нов клуб!

Не така одамна играше за Манчестер Јунајтед…

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Порто секогаш знаеше да доведува одлични фудбалери од Јужнамерика и никој не се изненади кога за 8 милиони евра од Гремио го доведоа тогаш 17 годишниот Андерсон. Порто не греши, така беше и во овој случај.

Само две сезони поминати на „Драгао“ беа доволни за Андерсон да ја воодушеви Европа, а во трката победи Манчестер Јунајтед предводен од Сер Алекс Фергусон кој го купи за 31.5 милиони евра. Токму Андерсон, Нани и Овен Харгривс беа најзвучните засилувања за Јунајтед во таа сезона.

Но, од тој момент ниту еден клуб повеќе не плати оштета за да го доведе Андерсон.

Навистина, најмногу поради тоа што на „Олд Трафорд“ се задржа цели осум сезона. Во тие осум сезони имаше и кратка позајмица во Фиорентина, но ниту таму не се прослави.
Андерсон од денес има нов клуб и тоа од втората турска лига – Адана Демиспор!

Бразилецот потпиша договор на три години. Финансиските детали не се познати, сигурно не е се работи за мала сума, но исто така сигурно дека е светлосни години помалку од она што некогаш го заработуваше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…