Дома Фудбал Лига на шампиони Се сеќавате ли како Тотенхем и Ливерпул ја поминаа групната фаза?

Се сеќавате ли како Тотенхем и Ливерпул ја поминаа групната фаза?

Фудбалерите на Ливерпул и Тотенхем ќе играат во големото финале во Лигата на шампионите на 1-ви јуни во Мадрид, но треба да се потсети дека двата тима имаа многу среќа во групната фаза.

Ливерпул беше во тешка група со Наполи, ПСЖ и Црвена Звезда, а на крајот успеа да се провлече во осминафиналето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Црвените“ самите си направија проблеми така што изгубија од Црвена Звезда на гости со 2:0 и во последното коло мораа да се вадат против Наполи на домашен терен. На екипата на Јирген Клоп и беше потребна победа против Наполи за пласман во следната фаза, а на крајот славеа со 1:0.

Сепак, се ќе беше поинаку ако Ливерпул таа вечер на голот го немаше Алисон Бекер. Одличниот Бразилец во последните минути од натпреварот одбрани 100% шанса на Милик. Доколку тогаш полскиот напаѓач постигнеше гол, оваа сезона во Лигата на шампионите ќе беше поинаква.

Ако Ливерпул се провлече низ групната фаза, што да се каже за Тотенхем? „Петлите“ после три кола имаа само еден бод, но потоа работите се свртија во нивна корист.

Беа во група со Барселона, Интер и ПСВ. Во последното коло Тотенхем гостуваше кај Барселона, а Интер на домашен терен играше против ПСВ. На „нероаѕуирите“ им беше потребна победа против ПСВ за да се пласираат во осминафиналето и сите очекуваа тоа да се случи. Од друга страна Тотенхем не смееше да изгуби на „Ноу Камп“ бидејќи во тој случај ниту реми на Интер немаше да му значи ништо. На крајот двата натпревари завршија 1:1, а Тотенхем и Барселона се пласираа во нокаут фазата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…