Дома Фудбал Се редат критиките за Саутгејт: Се огласи и братот на Рашфорд

Се редат критиките за Саутгејт: Се огласи и братот на Рашфорд

Репрезентацијата на Англија не одигра на очекуваното ниво во првите два натпревари на Европското првенство, па затоа и селекторот Герет Саутгејт добива критики од јавноста.

На Саутгејт му се замерува прво затоа што Трет Александер Арнолд игра во средниот ред, потоа што не му даде ниту една минута на Кол Палмер кој беше еден од најдобрите во Премиер лигата минатата сезона, а сега се огласи и братот на Маркус Рашфорд.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед воопшто не се најде на списокот на Саутгејт за овој турнир.

„Тешко е да седите и да ја гледате Англија кога знаете дека ваш човењк може да направи разлика“, е пораката која преку социјалните мрежи ја испрати братот на Рашфорд.

Рашфорд беше дел од претходните големи натпреварувања, но Саутгејт сега одлучи да не смета на него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем и Њукасл го следат Де Винтер, но Милан ги држи картите

Белгискиот дефанзивец е на радарот на неколку премиерлигаши, но договорот до 2030 година и…