Дома Трансфер зона Се рапаѓа идилата во Париз: Икарди лут на Мбапе и Нејмар?

Се рапаѓа идилата во Париз: Икарди лут на Мбапе и Нејмар?

Француски „Л’Екип“ пишува дека идилата во ПСЖ се распаѓа. Икарди наводно е фрустриран што Мбапе и Нејмар не го разбираат на теренот.

Интер практично го избрка Икарди од клубот, а потоа неговата Ванда му обезбеди трансфер во ПСЖ каде што доби голема плата. Долго време Икарди беше главен играч на Интер, меѓутоа после проблемите минатата сезона и доаѓањето на Конте си замина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На крајот премина во ПСЖ на позајмица и се придружи на ѕвезди како Нејмар, Мбапе Кавани, Димарија и тоа со една цел. Богатите сопственици конечно да стигнат до трофејот во Лигата на шампионите.

Се тргна добро за Аргентинецот. Постигнуваше голови, но потоа дојде февруари и Нејмар се врати, па расположението и ситуацијата на Икарди се променија.

Во последните четири натпревари шанса чекаше од клупата, а кога заигра Мбапе и Нејмар според него не го доживувале на теренот. Тоа посебно ја налутило неговата сопруга Ванда и таа смета дека нејзиниот сопруг заслужува да има статус на првотимец.

„Л’Eкип“ пишува дека идилата во ПСЖ се распаѓа. Икади е фрустриран затоа што Нејмар и Мбапе не му додаваат кога е отворен, а надвор од теренот воопшто не комуницираат со него.

Икарди во ПСЖ дојде на едногодишна позајмица со право на откуп, па останува времето да покаже дали ПСЖ ќе го откупи неговиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид добил понуда од 45 милиони евра за Ѓулер

Aрсенал знаел да добие одлично засилување од Реал Мадрид, а пример за тоа е Мартин Одегард…