Дома Фудбал Германија Се разделија Борусија Дортмунд и Розе, замената веќе е позната

Се разделија Борусија Дортмунд и Розе, замената веќе е позната

Борусија Дортмунд објави дека се разделува со тренерот Марко Розе.

Во соопштението клубот објави дека е во потрага по нов тренер.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Борусија Дортмунд и тренерот Марк Розе ја прекинуваат соработката. Тоа е резултат од анализата на минатата сезона. Во разговорите покрај тренерот Розе учествуваа, Ханс Јаким Вацке, Михаел Зорц, Себастијан Кел и Матијас Дамер“, стои во соопштението.

Кој ќе биде негова замена?

Според најавите од Германија тоа ќе биде Германецот со хрватско потекло, Един Терзиќ. Терзиќ често пати беше дел од стручниот штаб на Борусија, а во 2020 година ја водеше екипата до крајот на сезоната после заминувањето на Фавр.

Остави добар впечаток, го освои купот, а германските медиуми пренесуваат дека Терзиќ ја прифатил понудата и дека во наредните денови ќе биде претставен како нов тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…