Францускиот напаѓач Антоние Гризман дефинитивно на лето го напушта Атлетико Мадрид.
За Гризман и со раце и со нозе се бореше Манчестер Јунајтед и менаџерот Жозе Мурињо, но сепак напаѓачот на Атлетико направи друг избор.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Одлучил да остане во Шпанија и според тврдењата на шпанскиот новинар Алберт Роџе, од летоска ќе се придружи на тимот на Барселона. Наводно Барса и Атлетико постигнале договор за летен трансфер.
Мурињо со доаѓањето на Лукаку и Санчез се откажа од Гризман, а потоа во трката се вклучи Барселона и лесно го договори овој наводен трансфер.
Во договорот на Гризман е наведена откупна клазула од 200 милиони евра, а од летоска таа ќе изнесува 100 милиони, па така Барса ќе успее по поволна цена да го купи играчот.
„Завршено е, иако е очигледно дека ниедна од страните тоа нема да го потврди. Во Спорт веќе сме известени за приватниот договор кој постои помеѓу клубовите и Гризман е сигурно играч на Барселона од следното лето.“ – напиша новинарот на Спорт, Алверт Роџе на Твитер.
Está cerrado, sí aunque obviamente ninguna de las dos partes lo confirmará. En @sport ya informamos del acuerdo privado que existe entre ambos y Griezmann será del Barça en verano 100% https://t.co/P0sxiZNDfS
— Albert Rogé (@albert_roge) February 25, 2018