Дома Фудбал Англија Се појави првата потенцијална причина за падот на хеликоптерот – полицијата ги отфрла претпоставките

Се појави првата потенцијална причина за падот на хеликоптерот – полицијата ги отфрла претпоставките

helikopter

Полицијата во Лестер не сака да ги прифати претпоставките дека хеликоптерот на сопственикот на клубот Вичај Шривадханапраба се срушил поради нивниот дрон.

Шривадханапраба и уште четири лица загинаа во тешката несреќа кога во саботата 200 метри по полетувањето нивниот хеликоптер се урнал на паркингот до стадионот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сега сведоци сугерираат дека проблемот можел да настане поради дронот на полицијата кој го контроирал просторот со околу 32.000 луѓе.

Меѓутоа портапролот на полицијата во Лестер изјави дека нивниот дрон не бил во погон кога хеликоптерот полетал од теренот после натпреварот помеѓу Вест Хем и Лестер.

Во соопштението на Лестер на официјалниот Твитер профил на клубот стои:с

„Ние користевме дрон за јавна безбедност претходно во текот на денот. Меѓутоа, можеме да потврдиме дека дронот не беше во функција кога хеликоптерот полета во вечерните часови“.

Инспектори од сите четири области ја истражуваат несреќата (инженеринг, операција, податоци за летот и човечки фактор).

„Ги пронајдовме снимачите на глас и податоци за летот во неделата попладне еден од нашите инспектори се врати во Фарнброу со снимачите истата вечер. Денес нашите инспектори започнаа со работа и вадење на податоците кои беа изложени на голема жештина поради пожарот после падот“, соопштија инспекторите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шкотски навивачи поминале низ хорор: Биле малтретирани и понижувани во Загреб?!

Многу навивачи на Селтик ден пред натпреварот против Динамо во Лигата на шампионите (1:1),…