Се појави опција за враќање на Елиф Елмас во Галатасарај во финишот од преодниот рок во Турција, но на крајот таа пропадна.
Но, сега се најавува нова можност за јануарскиот преоден рок. Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека Елмас би можел повторно да го облече дресот на Наполи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наводно, Антонио Конте би сакал да го има Елмас во својот тим, а македонскиот фудбалер немал ништо против враќање под Везув бидејќи во Лајпциг ретко добива шанса за игра.
Ќе потсетиме, Елмас во Лајпциг пристигна на почетокот на годината во трансфер вреден 23 милиони евра. Дресот на Наполи го носеше од 2019 до 2024 година.