Баерн Минхен зад себе нема засега нема успешна. Тимот загуби во Суперкупот и Купот на Германија, а најверојатно и по 11 години доминација ќе остане и без титулата во Бундеслигата. Клубот веќе потврди дека тренерот Томас Тухел ќе замине на лето.
Во потрагата по нов тренер, Баерн се соочува со предизвик, бидејќи некои од нивните првобитни избори, како Чаби Алонсо, се веројатно на пат да се приклучат на друг клуб.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, сега се појави ново и изненадувачко име, Ралф Рангник, познат како “професорот по фудбал”. Тој веќе има богато искуство во фудбалот, од Шалке, Хофенхајм, Лајпциг, па се до Манчестер Јунајтед.
Одлуката околу новиот тренер сега е во рацете на спортскиот директор Макс Еберл, кој нагласи дека нема да брза со одлуката и ќе земе време пред да ја донесе крајната одлука.