Диего Марадона за многумина е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Марадона во својата кариера освои скоро се што можеше да се освои, а за неговите мајстории ќе се зборува уште долго. Тој ја помина школата на Аргентинос Јуниорс, но славата ја стекна играјќи за Бока Јуниорс.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На почетокот на 1982 година тој одлучи да се проба во Европа и потпиша за Барселона. Сепак, во каталонскиот клуб се задржа само две години и на 36 натпревари постигна 22 гола.
Барса подоцна го продаде на Наполи каде што стана легенда на клубот. Во јавноста сега се појави извештајот на скаутите на Барселона кои го следеле пред да дојде во клубот.
Скаут на Барса тогаш беше Цезар Луис Меноти кој го гледал во натпреварот помеѓу Бока и Аргентинос кога Марадона имал 17 години. Овој извештај е јасен доказ дека уште тогаш се знаело за каков бисер се работи.
„Извештај: Диего Армандо Ммарадона. Оцена: Многу добар, извонреден е. Брзина – со топка: 9.1, без топка:9.5, агилност:9.5, скок:8. Психички аспекти: Ментална сила 10, отпроност на прекршоци:10, концентрација:10, себичност:0, карактер:10, ошта техника: Непобедлив“.
„Прецизна техника: Извонреден, застрашувачки ефикасен, дриблер, силен, храбар, има одличен удар и одличен пас. Максимално прецизен, беспрекорна визија. Просечна игра со глава. Одличен лидер, знае да ја задржи топката. Индивидуална техника: Комплатна фудбалска интелигенција. Комплетно чуство за фудбал. Општ заклучок: Млад, роден 30.10.1960. Има неверојатна техника и дриблинг на највисоко ниво. Секогаш оди кон голот, но знае кога мора да се ослободи и да додаде. Има одлични рефлекси, а неговите удари и додавања се чуди“, стои во извештајот.