Дома Трансфер зона Се појави документ кој објаснува зошто Барселона го сака Пјаниќ

Се појави документ кој објаснува зошто Барселона го сака Пјаниќ

Миралем Пјаниќ е голема желба на Барселона и тука нема тајна.

Додека секојдневно се појавуваат информации до каде стигнале преговорите помеѓи Јувентус и Барселона, „АС“ дојде во посед до документ кој објаснува зошто Барселона го сака Пјаниќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во прашање е извештајот од почетокот на оваа година на кој јасно се гледа дека Каталонците уште тогаш беа свесни дека треба да се засилат на некои позиции. Еден од тие позиции е онаа која ја покрива Пјаниќ.

„Интерниот извештај од клубот во јануари 2020 година покажува зошто сакаат да го доведат Пјаниќ. Во тој документ пишува дека на одредени позиции предност треба да добијат искусните играчи во однос на помладите. Причината е затоа што на искусните фудбалери потребни им се помалку време да се прилагодат во новиот клуб и од првиот ден би можеле да играат на највисоко ниво. Наведено е дека тактички и технички се подобри, односно фудбалерите со околу 30 години имаат три до пет поголем процент на точни додавања од младите фудбалери“, пишува „АС“ за деталите од документот.

Исто така се потенцира дека со постарите фудбалери полесно ќе се договори намалување на платите што во Барса е важно времето на пандемијата од коронавирусот, а последици сигурно ќе се почувствуваат и некој период потоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…