Дома Фудбал Англија Се појави видео кое открива кој го погоди Деле Али!

Се појави видео кое открива кој го погоди Деле Али!

Тотенхем во четвртфиналето од Лига Купот славеше со резултат од 2:0 на „Емирати“, а натпреварот го одбележа еден инцидент.

Имено, во 73-та минута фудбалерот на Тотенхем, Деле Али беше погоден со шише во глава од трибините.

За среќа немаше тешки последици, но Арсенал денес ја информираше јавноста дека веднаш бил идентификуван човекот кој го фрлил шишето.

„Камерата го сними навивачот како го напушта стадионот откако го фрли шишето. Соработуваме со полицијата со цел напаѓачот да биде уапсен“, соопштија од Арсенал.

Исто така на интернет се појави снимка на која се гледа кој го погодил Деле Али со шише.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн подготвува подобар договор за Олисе, но Французинот бара нешто што може сѐ да промени

Баерн сака да го продолжи договорот со Олисе, но еден детал може да ја промени ситуацијата…