Неодамна претседателот на Барселона, Лапорта соопшти дека Осман Дембеле ја одбил понудата за нов договор и негова желба е да замине.
Дембеле го посакуваат бројни европски клубови, а најмногу се поврзуваше со Челзи. Меѓутоа се уште не е познато дали францускиот напаѓач ќе остане на „Камп Ноу“ или ќе го гледаме во друг дрес.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сега на социјалните мрежи е објавено видео во кое еден навивач го прашува Дембеле дали ќе остане во Барселона, а тој кратк одоговара „да“.
„Слушнав гласини дека можете во Челзи?, беше новото прашање, на тоа Французинот возврати: Не, постојат гласини.
Третото прашање беше: „Зарем не сакаш да работиш со Тухел?“, одговорот на Дембеле беше дека му е добро во Барселона.