Дома Трансфер зона Се појави видео во кое Азар сам им кажува на навивачите дека нема да остане (ВИДЕО)

Се појави видео во кое Азар сам им кажува на навивачите дека нема да остане (ВИДЕО)

Белгиецот во текот на целата сезона е мета на шпекулации.

Челзи кога се ќе се собере може да се каже и дека имаше дорба сезона. „Сините“ ги искористија киксовите на ривалите и обезбедија позиција која ги води во Лигата на шампионите наредната сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Покрај тоа клубот од „Стенфорд Бриџ“ се наоѓа во добра ситуација пред реваншот во полуфиналето од Лигата на Европа каде што ремизираа против Франкфурт на гости во првиот натпревар (1:1).

Во победата против Вотфорд со која се стави печат на местото кое води во ЛШ наредната сезона одличен беше Еден Азар кој запиша две асистенции и сега е најдобар асистент на Островот со вкупно 15, Рајан Фрејзер има една помалку.

Покрај тоа „десетката“ на Челзи постигна и 16 голови во Премиер лигата и за него на индивидуален план оваа година е многу успешна. Останува да се види дали Азар и наредната сезона ќе го носи дресот на Челзи или ќе се пресели во Реал Мадрид со кој на големо се поврзува.

Сега на социјалните мрежи се појави видео во кое навивачите го прашуваат Азар дали ќе остане во Челзи, а тој кратко одамавна со главата со што наведува на негативен одговор.

Дали стануваше збор за искрен одговор од Азар или шега од страна на Белгиецот оставаме на вас да процените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …