Дома Фудбал Останато Се почесто се промашуваат пенали – кои се причините?

Се почесто се промашуваат пенали – кои се причините?

Ударите од белата точка популарно се нарекуваат „најстрога казна“, но тој назив би можел да замине во историјата доколку продолжи трендот кој владее оваа сезона. Серхио Агуеро, Нејмар, Кевин де Брујн и Гризман се само дел од ѕвездите кои оваа сезона промашуваа пенали.

Оваа сезона во Премиер лигата се реализирани 71% од пеналите, што е најмал процент уште од сезоната 2001/02. До сега оваа сезона дури 10 пенали останаа неискористени, а за споредба во сезоната 2013/14 се промашија 14 пенали цела сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Слични трендови владеат и во другите најсилни лиги. Бундеслигата, Серија А и Примера имаат уште помал процент на реализација на пенали, а особено неверојатна е статистиката во Лига на шампиони. Во тоа натпреварување реализирани се само 6 од 14 пенали, односно само 43%.

Лоша форма на изведувачите или напредок на голманите?

Според Бен Литлетон, кој е автор на книгата „12 јарди“, играчите почесто промашуваат пенали на почетокот на сезоната. Тој тоа го објаснува со притисокот како и последица на летната пауза која ги вади од ритам фудбалерите.

Притоа, чести се случаите во кои играчите често промашуваат повеќе пенали со ред. Така на пример Агуеро промаши за аргнетинската репрезентација само неколку дена пред промашувањето со Сити. Слични црни серии имаа и играчи како Гризман и Еден Азар.

Меѓутоа можно е ваквата статистика да се должи и на наредокот на голманите. Диего Алвеш на натпреварот против Атлетико Мадрид одбрани два пенали и ги сруши рекордот во лигата. Алвеш има одбрането неверојатни 17 од 37 пенали, а меѓу неговите жртви спаѓаат играчи како Роналдо, Меси, Диего Коста и Гризман.

20-10pen2

Денешниот фудбал изоболува со квалитетни голмани и конкуренцијата за најдобар голман на светот е исклучително жестока. Меѓутоа, и покрај напредокот на голманите, тие тешко дека би имале шанса да одбранат пенал доколку стриктно се почитуваат правилата.

Правилата велат дека голманот не смее да се помести од гол линијата додека топката не е удрена. Меѓутоа често пред ударот голманот направи чекор или два према напред, а судиите многу ретко во тие ситуации го повторуваат изведувањето.

Засега е непознато дали во вакви ситуации во иднина ќе одлучува судиското уверување или ќе дојде до промена на правилата. Тешко е да се очекува дека голманот нема да се помрдне од местото пред ударот, така на пример Стекеленбург кој викендов му одбрани два пенали на Сити направи најмалку еден чекор напред пред линијата.

20-10pen3

Сезоната е практично на самиот почеток па затоа е тешко да се каже дали е целосно променет трендот на изведување пенали или ова е само привремен феномен. Ударите од 11 метри и понатаму некои ги сметаат како гол и пред да бидат изведени, иако статистиката моментално го покажува спротивното.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Влаховиќ е ниво на Халанд, но во Јувентус има друг проблем“

Иако, е често критикуван оваа сезона, Душан Влаховиќ е втор најдобар стрелец во Серија А с…