Португалецот Жозе Мурињо од отказот во Манчестер Јунајтед е без тренерски ангажман.
Мурињо во меѓувреме работеше како стручен констултант за натпреварите на Островот во англиска телевизија, за потоа да добие своја емисија во која зборува за фудбалот на телевизијата „Русија Денес“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кога се клубовите во прашања Мурињо откако добие „шут карта“ во Јунајтед поради катастрофалните резултати и лошата атмосфера во соблекувалната се поврзуваше со Бенфика, Интер, Реал Мадрид…
Меѓутоа неговата последна изјава многумина ја протолкуваа како нудење од страна на Жозе на Пари Сен Жермен кој е без вистинска конкуренција во француската Лига 1.
„Можам да се замислам себе си како работам во Лига 1. Во мојата долга кариерата работев во четири земји и запознав повеќе култури. Водење клуб во нова земја би била фантастично искуство за мене. Сега сум мирен и уживам во одморот од фудбалските терени, кога ќе ја забележам дека ми е пружена вистинска шанса ќе се вратам“, изјави Мурињо за „беИН“ СПОРТ.
Јасно е дека ПСЖ е единствениот клуб во Франција која може да си го дозволи Мурињо, па пораи тоа оваа изјава во медиумите е протолкувана како отворена понуда од Жозе до „светците“.
Мурињо освојуваше титули во секоја од четирите земји каде што работеше со Порто во Португалија, со Челзи во Англија, со Интер во Италија и со Реал Мадрид во Шпанија. Со Манчестер Јунајтед не му одеше најдобро, но успеа да донесе трофеи за овој клуб во Лигата на Европа, Лига Купот и Комјунити Шилд.