40-годишниот Роман Павличенко објави дека се пензионира.
Рускиот напаѓач најдобро се памети по неверојатната 2008 година. Павличенко тогаш во тандем со Андреј Аршавин ја донесе бронзата на Европското првенство. Во полуфиналето беа запрени од Шпанија, која подоцна го освои трофејот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По успешното ЕУРО, следуваше трансфер во Тотенхем. Кај „петлите“ го замени Бербатов кој истото лето замина во Манчестер Јунајтед, Спартак го продаде за сума од 18 милиони евра.
Во Тотенхем помина три и пол години и одигра 113 натпревари, постигна 42 гола. За руската репрезентација постигна 21 гол на 51 натпревар.
По Тотенхем се врати во Русија каде го носеше дресот на Локомотив, Краснодар, Урал, а се пензионира како играч на Знамија Ногинск која настапува во третата лига на Русија.