Дома Фудбал Останато Се отвори Ди Марија: Бев блиску, но далеку од Барселона, има само еден клуб за кој не би играл…

Се отвори Ди Марија: Бев блиску, но далеку од Барселона, има само еден клуб за кој не би играл…

Најпрво Барселона сакаше да го украде Марко Верати од ПСЖ, потоа ПСЖ го зеде Нејмар од Барселона, а Каталонците на крајот се обидоа да ја намалат штетата и да ја вратат гордоста, така што од Париз ќе го донесат Анхел ди Марија како замена.

Кога стана јасно дека од доаѓањето на Кутињо нема ништо, Барселона со сите сили се обиде да го донесе Аргентинецот кој во минатото играше за Реал Мадрид и е добар пријател со Лео Меси. Меѓутоа, Светците не попуштија и Ди Марија остана на „Паркот на принцовите“, каде поради проблеми со повредите и силната конкуренција, моментално е резерва.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинецот откри дека се надевал на премин во Барселона изминатата лето.

„Бев блиску до преминување во Барселона, а истовремено и далеку. Тешко е да се одработи трансферот помеѓу тие екипи. Не губев надеж дека сепак тоа ќе се случи, но на крајот ништо не излезе“, откри Ди Марија.

Тој тврди дека немало никаков проблем да игра за Барселона иако во минатото го носеше дресот на најголемиот ривал, Реал Мадрид.

„Моето минато во Мадрид не би претставувало проблем. Не сум навивач на Реал и секогаш сум го истакнувал тоа кога сум бил запрашан. Јас сум навивач на Росарио и никогаш не би преминал во Њуелс. Освен Њуелс, не постојат други клубови за кои не би играл. Сакам да ја завршам кариерата во Росарио“, истакна Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се појави анализа со гол-технологијата: Барселона била оштетена во „Ел Класико“! 🎥

На социјалните мрежи беше објавена анализа со гол-технологијата за спорниот момент во „Ел …