Дома Македонски спорт Се одржа 9-от меѓународен џудо турнир „Прилеп град херој – 2017“

Се одржа 9-от меѓународен џудо турнир „Прилеп град херој – 2017“

Во спортската сала на ООУ „Добре Јованоски”, во Прилеп, се одржа 9-от по ред меѓународен турнир во џудо „Прилеп град херој – 2017”.

На турнирот учество земаа околу 250 џудисти од Македонија, Бугарија, Грција, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово.

„Џудото потекнува од Јапонија стотици години наназад, а јас денеска сум многу среќна што сум тука и што гледам толку многу среќни лица“, посочи Кеико Ханеда амбасадорката на Јапонија.

„Многу голема чест и задоволство ми е што турнирот ќе го отвори амбасадорката на Јапонија кој воедно и главниот организатор на настанот, задоволен сум од посетеноста на гостите кои ни доаѓаат надвор од Македонија и благодарност до Македонската Џудо Федерација која ни овозможи да се оддржи овој турнир, до општина Прилеп и се надевам на фер борби“, изјави Дејан Ширкоски, претседател на џудо клуб „Сеишин“ и генерален секретар на Џудо Федерација на Македонија.

Турнирот беше во организација на Џудо Клубот „Сеишин” од Прилеп, наменет е за пионери и кадети, а се одржа по повод државниот празник „11-ти Октомври”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Консевич го отвора македонскиот настап во Астана, шестмина борачи чекаат ред

Вероника Консевич денеска се соочува со Нигеријката Адијат Идрис во категоријата до 55 кил…