Колумбискиот фудбалер, Хамес Родригез се уште се наоѓа на одмор по настапот со Колумбија на СП.
Хамес не играше многу на Мундијалот поради повреда и се уште не е јасно кога комплетно ќе закрепне. Колумбиецот изминатото лето пристигна во Баерн на позајмица на две години, но сега веќе се шпекулира дека би можел да се врати во Реал Мадрид откако Кристијано Роналдо го напушти клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Исто така, според пишувањата на шпанските медиуми во кралскиот клуб размислуваат за продажба на овој играч, но во Баерн се уште не знаат ништо. Претседателот на Клубот, Румениге, изјави дека Баерн очекува Хамес наскоро да се појави на подготовките за новата сезона.
„Многу работи се зборуваат во шпанските медиуми, но ништо од тоа не е точно. Тој ќе игра сигурно и следната сезона и очекувам тоа да биде во дресот на Баерн“, истакна Румениге.