Немања Матиќ, поранешен српски репрезентативец и фудбалер на Рен, се најде во крајно чудна ситуација откако прво се појавија информации дека сака да го напушти клубот, а потоа и фотографии од железничката станица каде чекаше воз за да замине од овој град.
Недолго потоа се огласи и самиот Матиќ кој ги објасни причините за ваквата одлука:
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Почитувани фанови, сакам да ставам крај на сите шпекулации и да кажам дека минатото лето бев почестен со поканата на Рен да станам важен дел од еден амбициозен проект, на кој му требаше играч со мои карактеристики и искуство. По шест месеци во клубот можам само да потврдам дека нашиот клуб стана подобар поради сите играчи, особено младите.
За жал, поради моја грешка не успеав да ја прилагодам мојата приватна ситуација на професионалната. Не успеав да ги запишам моите деца во меѓународното училиште, каде што одеа од почетокот на нивното образование. Затоа бев отсутен претходните три дена, за да се обидам да го решам овој голем проблем за мене и моето семејство, а утре се враќам во Рен, каде заедно со челниците на клубот ќе донесам одлука за следните чекори“, напиша Матиќ.