Младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума тврди дека е спокоен и покрај сите шпекулации за неговата иднина.
Денес повторно во италијанските медиуми се појавија информации дека Донарума не е задоволен од доаѓањето на Реина и дека размислува да го напушти „Сан Сиро“ (ОВДЕ).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Јас сум мирен и спокоен. Среќен сум во Милан“, порача Донарума.
„Ние во последно време се подобривме многу и покажавме дека сме добар тим. Победата над Џенова ни помогна да го пребродиме поразот од Арсенал и сакаме да продолжиме со добри резултати. Верувам дека можеме до место кое води во Лигата на шампиони“, заклучи 19-годишниот голман.
Причина за новите шпекуалции за заминувањето на Донарума е доаѓањето на Пепе Реина, со што се загрозува позицијата на неговиот брат во тимот.