Дома Фудбал Англија Се огласи воздухопловен командант: Некој дозволил Сала да направи огромна лудост!

Се огласи воздухопловен командант: Некој дозволил Сала да направи огромна лудост!

sala

Целиот свет е во исчекување на нови информации за авионот кој заедно со новото засилување на Кардиф, Емилијано Сала исчезна.

Сала за викендот го комплетираше трансферот во Кардиф каде што стана најскапото засилување во клупската историја. Откако го завршил трансферот, Сала се вратил во Нант каде што настапуваше три години да се поздрави со поранешните соиграчи. На враќањето од Франција кон Англија на авионот му се губи секаква трага.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За жал се очекува црно сценарио и се поголем е бројот на оние кои сметаат дека нема да има добри вести за аргентинскиот напаѓач.

Во текот на изминатата вечер се појави и аудио снимка во која Сала иако на шега, сепак најавува што ќе се случи со авионот.

Сега експертско мислење за „Тик Спортс“ даде воздухопловен командант.

„Минувањето на Каналските Острови во лошо време, па уште со таков авион кој има мономотор е вистинска лудост. Некој дозволил ова момче да направи вистинска лудост и тоа веројатно фудбалерот ќе го плати со својот живот“, потоа командантот Хоре Поланхо појасни колку ситуацијата била сериозна.

„Летањето на тој предел е исто како да летате во зима над Антартикот со авион од таа големина, моторото многу лесно може да откаже. Навистина е неверојатно што некој дозволил тој да лета во тоа време на тоа место и со таков авион“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…