Дома Останати Кошарка НБА Се најде некој да го критикува: Дончиќ лошо шутира и цело време плаче кај судиите

Се најде некој да го критикува: Дончиќ лошо шутира и цело време плаче кај судиите

Иако има само 21 година Лука Дончиќ игра фантастична кошарка во НБА и најголем дел од спортската јавноста е воодушевена од неговите настапи, но сега се најде и некој кој го критикува.

Дончиќ беше одличен во серијата во плеј-офот против ЛА Клиперси, но неговиот Далас беше елиминиран со 4:2. Новинарот на „Фокс Спорт“, Скип Бејлнс и покрај тоа го критикуваше Словенецот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Нема шанси Дончиќ да е помеѓу топ 5 кошаркари во лигата. Погледнете колку лошо шутира и слободни фрлања и за три поени. Кога и да игра одбрана тој е главна мета на противникот и притоа плаче кај судиите на секоја одлука. Богохулие е да се споредува со Лери Бирд“, смета Бејлнс.

Серијата со Клиперси ја обележи грубиот прекршок на Маркус Морис над Дончиќ (тука), но Бејлнс и тука застана на страна на Американецот.

„Уште еднаш го видовме Дончиќ како го удри Морис со лакт додека оди кон кошот. Тоа ескалираше во неспортски фаул и исклучување на Морис кој на претходниот меч го нагази откако Лука од зад грб го удри Реџи Џексон во глава“, порача Бејлнс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Уште еден доказ колку Јокиќ е моќен: Погледнете што му направи на Леброн 🎥

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра во одлична форма, а уште еден доказ за тоа видовме изм…