Дома Топ вести Се најавува ли спектакуларниот трансфер?! Имаме пари и Ибрахимовиќ сака кај нас!

Се најавува ли спектакуларниот трансфер?! Имаме пари и Ибрахимовиќ сака кај нас!

Претседателот на Бока Јуниорс Хорхе Арно изјави дека Златан Ибрахимовиќ навистина има желба да игра за овој аргентински гигант и дека неговата висока плата нема да биде проблем за клубот од „Бонбоњера“.

На шведскиот фудбалер на крајот од сезоната во МЛС му истекува договорот со ЛА Галакси иако изгледа дека Златан ужива играјќи фудбал во Америка се уште нема најави за продолжување на соработката.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега за можноста да се пресели во Бока зборуваше претседателот на аргентискиот гигант, Хорхе Арно.

„Точно е дека Ибрахимовиќ сака да игра за Бока и точно е дека сме во позиција да го доведеме. Клубот е во многу добар момент институционално. Добри сме финансиски и можеме да си дозволиме таков луксуз. Можеме да го исплатиме договорот на Златан“, изјави шефот на Бока, Хорхе Арно.

Интересно е што кога се појави вест за можниот трансфер на Бока, Мино Раиола демантираше и тврдеше дека неговиот клиент нема да се пресели во Бока, па сега останува времето да покаже да видиме кој ја зборува вистината, Раиола или Арно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…