Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ би можел ова лето да се врати во Премиер лигата.
Иако има 32 години, Лука е сеуште еден од најдобрите играчи на светот и сигурно дека во своите нозе има уште неколку квалитетни сезони.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Токму поради тоа, челниците на Арсенал планираат на лето да испратат понуда до Реал Мадрид вредна 60 милиони евра за неговите услуги, пренесува Дон Балон. Освен Арсенал, за услугите на Лука Модриќ според пишувањата на истиот избор се интересираат Ливерпул и Јувентус.
Да потсетиме, Модриќ е член на Реал уште од летото 2012. година, а на Кралскиот тим му помогна да освои три ЛШ во последните четири години.
Модриќ оваа сезона одигра 31 натпревар во сите натпреварувања и постигна два гола и четири асистенции.