Дома Останати Се „мириса“ на реванш: Кабиб жестоко му одговори на Конор за навредите кон сопругата! (ФОТО)

Се „мириса“ на реванш: Кабиб жестоко му одговори на Конор за навредите кон сопругата! (ФОТО)

Продолжуваат жестоките провокации помеѓу Конор Мекгрегор и Кабиб Нурмагомедов.

Конор го провоцираше Кабиб со тоа што објави фотографија од венчанката на Кабиб и ја нарече неговата сопруга крпа. Оваа објава Ирецот ја избриша откако доби голем број негативни коментари и критики.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако Конор го избриша постот тој се рашири, а стигна и до Кабиб кој не му остана должен.

Дагестанецот објави фотографија од Конор и Тери Мареј, девојката која пред неколку месеци порача дека носи негово дете.

Кабиб не бираше зборови и „удри“ жестоко по Ирецот.

„Сил*вачу! Ти си сил*вач! Ти си лицемер кој не е одговорен за своите постапки. Правдата ќе те стигне! Ќе видиме“, напиша Кабиб покрај фотографијата.

Новите провокации помеѓу Конор и Кабиб започнаа кога Ирецот објави дека се пензионира. Тогаш Кабиб објави дека во џунглата може да има само еден крал. Потоа следуваше гостувањето на Кабиб во една емсија каде што изјави:

„Утре ќе каже дека се враќа и сите медиуми сите ќе пишуваат за тоа. Тоа е она што тој го сака. Не успеа да постигне договор со УФЦ и сега ќе игра на своја карта. Конор се однесува како љубоморна жена која цело време зборува дека заминува, но потоа се враќа“.

Оваа изјава на Кабиб се покажа и како точна затоа што Мекгрегор и објави дека е пензиониран (тука)

Не е исклучена можноста ваквите провокации да се вовед во реванш помеѓу Ирецот и Дагестанецот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …