Реал Мадрид како некогаш во минатото повторно во тимот има голем број ѕвезди, но сепак резултатите не се онакви каквви што очекуваат.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Килијан Мбапе во текот на летото конечно пристигна како слободен фудаблер и од него навивачите очекуваа да биде лидер на тимот, меѓутоа тоа засега Французинот не е.
Дел од навивачите сметаат дека Мбапе дури и влијаел лошо на одредени работи во тимот.
Медиумите го истакнуваат и податокот од натпреварот против Барселона во кој Мбапе истрча само осум километри што за професионалец на тоа ниво е премалку. Французинот ретко се враќа назад и не им помага на фудбалерите во одбраната.
Поради тоа шпанските медиуми пренесуваат дека Анчелоти би можел да ја менува тактиката поради Мбапе и да постави некоја нова која повеќе ќе одговара на таквиот стил на игра на напаѓачот.