Еминентниот шпански весник „АС“ тврди дека оваа сезона ќе биде последна за Ернесто Валверде на чело со Барселона.
Весникот тврди дека раководството веќе донесло конечна одлука за иднината на Валведе и сигурно нема да му го го продолжуваат договорот на крајот на сезоната, дури и ако Каталонците ја освојат Лигата на шампиони.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Договорот на 55-годишниот стратег има опција што овозможува да се продолжи за уште една година, но Барселона нема да ја активира. На „Камп Ноу“ сакаат следната сезона тимот да го води Роналд Куман, кој моментно е селектор на Холандија.
Холанѓанецот сигурно нема да го одбие повикот од Барса, клубот каде помина славни денови како играч.
Холанѓанецот се поврзуваше со столчето на „Камп Ноу“ уште минатата година по елиминацијата од Ливерпул во ЛШ и неуспехот во финалето на домашниот Куп, но тој претпочита да ја продолжи својата работа со репрезентацијата.
„АС“ тврди дека многу е веројатно на лето, после Европското првенство, Куман да се пресели на кормилото на Барселона.