Дома Фудбал Италија Се е спремно за прегледите кои ќе ја одлучат иднината на Ериксен

Се е спремно за прегледите кои ќе ја одлучат иднината на Ериксен

Плејмејкерот на Интер, Кристиан Ериксен следниот месец ќе оди на детални лекарски прегледи кај познат кардиолог, кои ќе одлучат за продолжувањето на неговата кариера.

Ериксен моментално во Милано заедно со своето семејство каде чека одговор на прашањето дали ќе може да ја продолжи професионалната кариера во Интер после срцевиот удар кој го имаше на Европското првенество.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Данските доктори потврдија дека Ериксен доживеал срцев удар, па му беше вграден електричен дефибрилатор. Тоа значи дека неговата кариера во Серија А најверојатно е готова бидејќи во Италија не дозволувата играње со дефибрилатор.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Ериксен следниот месец ќе оди на конзилиарен специјалистички преглед после кој ќе биде одлучено дали ќе може да игра во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Томас Милер донел одлука кога ќе ја заврши кариерата

Легендата на Баерн Минхен, наредната година ќе стави крај на својата голема кариера. Милер…