Го преживеа Леванте, благодарение на капитенот, но тешко дека може да издржи подолго.
Јулијен Лопетеги преживеа засега, барем до европскиот натпревар против Викторија Плзен. Имено, го спасил Серхио Рамос кој беше и негов главен „спонзор“ кога доаѓаше, иако медиумите се скептични.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дел од навивачите сметаат дека поголем виновник е Флорентино Перез бидејќи не довел замена за Роналдо, ниту напаѓач кој ќе ги надополни неговите погодоци.
Ако денес Бетис и Ваљадолид одиграат нерешено, односно Еспањол изгубо од Хуеска, Реал ќе биде седми што ќе им биде најлош пласман уште од 2001 година. И тоа практично е пресуда на Лопетеги.
„Овој Реал е рушевина“, пишува „Марка“, дури и ако го победи Плзен го чека Барселона, додуша без Меси, но прашање е дали реми на „Камп Ноу“ ќе биде доволно бидејќи ја изгуби довербата од Перез.
Сега веројатно е само прашање уште колку ќе има трпение, Бенитез кој исто така не му беше по вкус издржа до јануари, но поранешниот селектор на Шпанија изгледа нема да има толку време.
Според информациите на мадритските медиуми, Конте се ја прифатил понудата, Барса има четири бода предност, не блеска, но кај Реал освен што губи „кралевите“ не покажуваат знаци дека нешто може да биде подорбо.
„Не одлучвам јас, притисокот е составен дел од Реал“, изјави Лопетеги, кој веројатно е свесен дека времето му истекува.
Што го очекува Конте?
Веројатно договор на две години. Италијанецот ќе има задача да ја разбуди екипата и да се обиде да ја продолжи низата во Лигата на шампионите, но и да остане во борба за титулата. Во јануари тешко дека ќе добие некое засилување, иако изгледа дека шпиц е неопходен.
Но, да почекаме можеби Лопетеги ќе ги добие наредните натпревари и ќе ја спаси работата, но гледајќи го Реал, дури и без Меси, тешко дека можат да слават против Барса и да ја стабилизираат формата за наредните натпревари.